
ЗЕЛЕН ВОЛОНТЕРИЗАМ
Во изминатиот период, во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево, се реализираа едукативни активности согласно Програмата за зелен волонтеризам, наменети за учениците од I до V одделение.

Едукациите беа спроведени од страна на обучените врснички едукатори за зелен волонтеризам, Антонија Китанова и Јована Димитровска, кои преку интерактивен пристап и едукативни содржини ги поттикнаа најмладите да размислуваат за значењето на заштитата на животната средина, одговорното однесување кон природата и придонесот на секој поединец во создавањето почиста и поздрава околина.

Преку ваквите активности, децата уште од најрана возраст се охрабруваат да развиваат еколошка свест и да станат активни носители на позитивни промени во својата заедница.

Затоа што грижата за природата започнува со малите чекори, а секој од нас може да направи голема разлика!
















































