јули 15, 2026

ЗАЕДНО ВО ТЕШКИТЕ СИТУАЦИИ

Како партнер на Општина Делчево, денес активно се вклучивме во акцијата за дистрибуција на пакети со вода за пиење до граѓаните низ сите населби во општината.

Акцијата беше организирана како поддршка за населението поради прекинот во водоснабдувањето, настанат како последица на дефект на главниот водоводен цевковод.

Во овие моменти, кога заедничката солидарност е најпотребна, нашите волонтери беа на терен и помогнаа водата за пиење да стигне до што поголем број граѓани.

Продолжуваме да бидеме на располагање и да даваме поддршка секогаш кога тоа е најпотребно. Благодарност до Општина Делчево за координацијата и до сите волонтери кои несебично се вклучија во оваа хуманитарна акција.

< врати се назад