октомври 21, 2026

ЗАЕДНО ПОДГОТВУВАМЕ ЗИМНИЦА – СОРАБОТКА, ДРУЖЕЊЕ И ЗАЕДНИШТВО

Во рамки на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост“ поддржан од Комерцијална Банка АД Скопје, во Дневниот центар во Делчево се реализираше активност за подготовка на туршија и зимница, во која заеднички учествуваа корисниците на Дневниот центар и волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Делчево.

Преку заедничката работа, дружењето и споделувањето на позитивна енергија, активноста придонесе за поттикнување на креативноста, развивање на практичните вештини, зајакнување на меѓусебната соработка и унапредување на социјализацијата.

💞 Затоа што најубавите моменти се оние што ги создаваме заедно, со почитување, поддршка и прифаќање на различностите!

#ЦрвенКрстДелчево#ЦКмлади#ДневенЦентарДелчево#Инклузија#ЗаедноМожемеПовеќе#Хуманост

< врати се назад