
СПАСИ ЈА ХУМАНОСТА – АКТИВНОСТ ЗА МЛАДИ
Во рамки на Програмата за работа на Клубот на млади при ООЦК Делчево, успешно беше реализирана интерактивна активност – Escape Room „Мисија: Спаси ја хуманоста“.

Преку внимателно осмислени предизвици и тимски задачи, младите волонтери имаа можност на поинаков и креативен начин да ги продлабочат своите знаења за принципите на Црвениот крст, прва помош и значењето на соработката во кризни ситуации. Активноста беше организирана во форма на едукативна игра, при што учесниците работеа во тимови, решаваа логички задачи и преку заедничка комуникација стигнуваа до финалната мисија.

Escape Room-от им овозможи на младите:
да ја зајакнат тимската работа и меѓусебната доверба
да ја развијат комуникацијата и лидерските вештини
да учат преку искуство и динамична интеракција
Преку оваа активност, Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Делчево уште еднаш покажа дека младинските програми можат да бидат истовремено едукативни, забавни и инспиративни.

Активноста се реализираше во позитивна и мотивирачка атмосфера, а младите волонтери уште еднаш докажаа дека хуманоста, солидарноста и тимскиот дух се нивна вистинска сила. ![]()















































