април 1, 2026

ПРЕВЕНТИВНИ ЕДУКАТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ТЕМА:БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Делчево, изминатиот период во соработка со Одделение за внатрешни работи Делчево и РЦ за ГР Исток, реализираше едукативни работилници за ученици од основните училишта во Делчево, посветени на превенција од болести на зависност.

Преку интерактивен пристап, учениците имаа можност да се информираат за поимот зависност, различните видови зависности и ризиците поврзани со употреба на психоактивни супстанци, алкохол и никотин. Посебен акцент беше ставен на последиците по здравјето и важноста од носење здрави животни избори.

Претставниците од надлежните институции ги запознаа младите со нивните права и обврски, како и со законските последици од несоодветно однесување поврзано со употреба на штетни супстанци.

Работилниците беа реализирани од страна на обучени врснички едукатори од ООЦК Делчево, во соработка со претставници од МВР, со цел да се поттикне свесноста и одговорното однесување кај младите.

Овие активности се дел од континуираните напори на ООЦК Делчево за промоција на здрави навики и превенција кај младата популација.

< врати се назад