
март 27, 2026
ПОКАЗНА ВЕЖБА СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“
На ден 23.03.2026 (понеделник), во СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево успешно се реализираше показна вежба со цел подигнување на свеста и подготвеноста на учениците за постапување во итни ситуации(пожар).

Преку симулација на реална ситуација, учениците имаа можност да се запознаат со основните чекори за правилна реакција, укажување на прва помош и координација при евентуални несреќи.

Со вакви активности се придонесува кон градење на одговорни, подготвени и хумани млади луѓе кои знаат како да реагираат кога е најпотребно.














































