
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
Денес во градскиот парк кај Спомен дом АСНОМ успешно се реализираше Општинскиот натпревар по прва помош во Делчево.

На натпреварот учество зедоа вкупно 6 екипи од основните и средните училишта од Делчево и Македонска Каменица, кои ги покажаа своите знаења, вештини и подготвеност за навремено и правилно реагирање во итни ситуации.






Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со тимска работа, хуманост и желба за учење. Им честитаме на сите учесници за вложениот труд и посветеност за успешно реализираниот натпревар.






Им благодариме на судиите, манекените, волонтерите и сите оние кои дадоа придонес за денешниот натпревар да биде уште поуспешен.



Првата помош спасува животи – а денес младите покажаа дека се подготвени да помогнат кога е најпотребно.













































