мај 7, 2026

ОБНОВУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКОВИ ВО ДЕЛЧЕВО ПРЕКУ ЦКА-ПХВ ПРОЕКТ

Во изминатиот период, група млади активисти преку ЦКА-ПХВ проектот посветено работеа на подобрување на локалната заедница во Општина Делчево

Преку организирање на собирни акции, продажба на колачи и слатки, како и хуманитарен натпревар, беа собрани средства кои се искористија за реконструкција и обновување на три паркови во општината.

Активностите беа реализирани во соработка со Општина Делчево и ЈКП Брегалница. Од страна на Општината беа донирани четки и бои за фарбање, а самото фарбање беше реализирано од учесниците во ПХВ проектот

За изработка на седалки за лулашки беше ангажиран мајстор од страна на ООЦК Делчево, воедно беа набавени и 3 фонтани кои се поставени во различни паркови во Делчево.

Огромна благодарност упатуваме до

Alpin Kom DOO за донацијата на дрвени материјали, кои беа искористени за обновување на оштетените дрвени површини во парковите

Со заеднички труд и хуманост, покажавме дека малите чекори водат до големи промени!

< врати се назад