октомври 6, 2026

НЕДЕЛА НА МЛАДИ 2026 | МЛАДИНСКИ ФОРУМ

❤️По повод Неделата на млади 2026, Општинската организација на Црвениот крст – Делчево организираше младински форум, посветен на младите, нивната активна улога во заедницата и развивањето на нивните знаења, вештини и волонтерски дух.

Во реализацијата на форумот учество зеде и Локалниот младински совет при Општина Делчево, со што дополнително се поттикна соработката и активното учество на младите во креирањето на позитивни промени во локалната заедница. 🤝

Настанот се реализираше преку панел дискусии и интерактивни катчиња посветени на менталното здравје, дисеминацијата и првата помош, преку кои младите имаа можност да споделуваат мислења и искуства, да дискутираат за теми важни за нив и преку практични активности да стекнат нови знаења и вештини.

💬 Преку панел дискусиите се отвори простор за отворен разговор, размена на идеи и поттикнување на младите активно да се вклучуваат во процесите и активностите во својата заедница.

🧠 Катчето за ментално здравје стави акцент на важноста од грижа за сопственото ментално здравје, меѓусебната поддршка и отворениот разговор.

❤️‍🩹 Катчето за прва помош им овозможи на младите да се запознаат со основните принципи на пружање прва помош и значењето на навремената реакција.

🕊️ Катчето за дисеминација ги доближи младите до принципите и вредностите на Црвениот крст и нивната примена во секојдневниот живот.

Посебен акцент беше ставен на учењето преку интеракција, дружењето, тимската работа и размената на искуства, со цел поттикнување на младинскиот активизам, волонтерството, хуманоста и солидарноста.

Благодарност до сите млади учесници и партнери кои со својата енергија, идеи и ентузијазам придонесоа за успешната реализација на овој младински форум. ❤️

Младите не се само иднината – тие се сегашноста и силата на секоја заедница! ✨

#ЦКмлади#МладинскиФорум#НеделаНаМлади

< врати се назад