октомври 27, 2026

МОЈОТ ПРИДОНЕС Е ВАЖЕН – РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ И МЕЃУСЕБНА ПОДДРШКА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Претставници од ООЦК Делчево учествуваа на интерактивната работилница „Мојот придонес е важен“, која се одржа во Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани.

Преку интерактивни активности и размена на искуства, учесниците ја истакнаа важноста на самовреднувањето, личната благосостојба и меѓусебната поддршка во работната средина.

Грижата за менталното здравје започнува со препознавање на сопствената вредност и придонес, затоа што секој од нас е важен дел од тимот. ❤️

< врати се назад