март 5, 2026

МАРТОВСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ДЕЛЧЕВО

Хуманоста денес повторно беше покажана на дело во ООЦК Делчево.

Со голем одзив и силна волја да се помогне, успешно беше реализирана денешната крводарителска акција, на која беа собрани 103 крвни единици.

Особено радува што 10 лица за првпат се приклучија на хуманото семејство на крводарители, правејќи го својот прв чекор кон спасување човечки животи.

Секоја дарувана капка крв значи надеж, шанса и нов живот за некого. Токму затоа крводарителството претставува еден од највисоките облици на хуманост.

Искрена благодарност до сите крводарители и кои со својата несебичност придонесоа оваа акција да биде успешна.

Вашата хуманост спасува животи.

< врати се назад