„LEVEL UP – UNLOCK YOUR POTENTIAL“ МЛАДИНСКИ КАМП
Три дена исполнети со позитива, дружење, нови пријателства, тимски предизвици и незаборавни моменти! ![]()

Од 19 до 21 август, во прекрасната природа на село Вирче, се одржа младинскиот камп „LEVEL UP – UNLOCK YOUR POTENTIAL“, организиран за млади на возраст од 14 до 18 години.

На кампот учество зедоа учесници од ООЦК Виница, Струмица, Радовиш, Крива Паланка и Штип

Целта на кампот беше младите да излезат од својата комфорна зона, да ги откријат своите потенцијали, да научат нешто ново за себе и едни за други, но пред сè – да се дружат, да создаваат пријателства и заедно да создаваат спомени.

Низ различни тимски игри, предизвици, активности во природа, музика, смеа и забава, секој учесник имаше можност да придонесе со својата енергија, креативност и идеи.

А можеби најубавиот дел од кампот не беа самите активности, туку луѓето што ги направија овие три дена посебни. ![]()

Овој камп ни покажа дека кога ќе се соберат младоста, позитивната енергија и желбата за нови искуства, се создава нешто што останува долго по завршувањето на кампот. ![]()

Спомените остануваат, пријателствата продолжуваат, а потенцијалот допрва треба да се отклучи!

Главен спонзор на овогодинешниот камп беше Општина Делчево/Municipality of Delcevo, а останати спонзори се Monopol’o – Hotel & Restaurant, Хотел Ресторан Трла и Пијанечки Клас Специјал

LEVEL UP – затоа што секој млад човек има потенцијал да направи нешто големо. ![]()
![]()

Во продолжение линкови од другите објавии линкови од промоција од фб страната поврзани со кампот:
- https://www.facebook.com/share/p/19bid1SQFq/
- https://www.facebook.com/share/p/1J4T1DVtYq/
- https://www.facebook.com/share/p/1LghARt8gR/
- https://www.facebook.com/share/p/1DepUTdVA7/











































