ЛЕТНО КИНО ЗА МЛАДИ
На 06.07.2026 година, во рамките на Летната програма на Клубот на млади, успешно беше реализирана активноста „Летно кино“, организирана со поддршка на Општина Делчево, по иницијатива на градоначалникот Иван Гоцевски.
Во пријатна и опуштена атмосфера, младите имаа можност да проследат филм, да се дружат и да поминат квалитетно време заедно. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, кој се дружеше и разговараше со младите, давајќи поддршка на ваквите иницијативи што придонесуваат за нивно активно вклучување во заедницата.
Благодарност до Општина Делчево за поддршката и вложувањето во активности кои создаваат можности за дружење, развој и квалитетно исполнето слободно време на младите.
Линк од објавата на фб: https://www.facebook.com/reel/992280056948831











































