
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ
Успешно реализирана редовна крводарителска акција за месец август со собрани ![]()
крвни единици!

Денес, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево, успешно се реализираше редовната крводарителска акција за месец август, при што беа собрани вкупно 82 крвни единици.

Огромна благодарност до сите крводарители кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост и несебичност. Со вашиот чин подаривте надеж и можност за живот на оние на кои крвта им е најпотребна.

Особено во текот на летниот период, кога резервите на крв се значително намалени, секоја дарувана единица има огромно значење. Вашата поддршка е непроценлива и претставува вистински пример за солидарност и хуманост.

Благодариме што заедно спасуваме животи!












































