
април 9, 2026
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЧЕСТ НА ПРЕСТОЈНИОТ ПРАЗНИК „ВЕЛИГДЕН“
Преку проектот ” Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост” поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, денес 09.04.2026 година волонтерите од Клубот на млади заедно со корисниците од Дневниот центар во Делчево реализираа креативна работилница за бојадисување и украсување велигденски јајца.

Оваа активност е алатка за продлабочување на креативноста како и вежбање на моториката и фините движења во дланката и рачниот зглоб.













































