април 4, 2026

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО – РЕАЛИЗИРАН ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ

Вчера 03.04.2026 година, во кино салата во Делчево, успешно се реализираше хуманитарен концерт во организација на една од ПХВ групите, кои имаат за цел да помогнат на петчлено семејство од нашиот град.

Настанот помина во прекрасна атмосфера, исполнета со музика, емоции и солидарност. Голем број граѓани ја покажаа својата хуманост, присуствувајќи и давајќи поддршка за оваа благородна иницијатива.

Преку заеднички сили, уште еднаш докажавме дека кога сме обединети, можеме да направиме вистинска промена и да помогнеме онаму каде што е најпотребно.

👏 Голема благодарност до сите учесници, посетители и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на овој настан.

💙 Хуманоста нека биде наш водич!

< врати се назад