октомври 30, 2026

ГРИЖАТА ЗА ЗДРАВЈЕТО ЗАПОЧНУВА СО ЗНАЕЊЕ И НАВРЕМЕНА ПРЕВЕНЦИЈА

По повод Неделата за борба против дијабетесот (10–16 октомври), во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица се одржа едукативна работилница наменета за вработените, реализирана од доктор Билјана Костадиновски, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево.

Преку едукативни содржини и разговор, присутните имаа можност да се запознаат со факторите на ризик, препознавањето на раните симптоми, значењето на редовните здравствени контроли и мерките за превенција од дијабетес.

Навременото препознавање, информираноста и здравите животни навики се важен чекор во спречувањето на компликациите и грижата за сопственото здравје.

< врати се назад