април 2, 2026

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „ЕПИЛЕПСИЈА“

По повод 26 Март – Светски ден на лицата со епилепсија, во ООУ “Ванчо Прке” Делчево, се одржа едукативно предавање посветено на темата „Епилептичен“, со цел подигнување на свеста, подобро разбирање на состојбата и унапредување на поддршката кон лицата со епилепсија.

Учениците имаа можност да се запознаат со:

  • Што претставува епилептичен напад
  • Како да ги препознаат симптомите
  • Како правилно да реагираат и да укажат помош
  • Значењето на смиреноста и правилниот пристап во вакви ситуации

Посебна благодарност упатуваме до д-р Билјана Ѓеоргиевска за стручната презентација и споделените корисни информации, како и до сите учесници за покажаниот интерес.

Да продолжиме заедно да градиме заедница со повеќе свест, разбирање, прифаќање и поддршка за сите.

< врати се назад