
ЕДУКАТИВНИ ПРЕДАВАЊА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВОЗРАСНИТЕ
Во просториите на Клубот на пензионери во Делчево изминатиот период успешно се реализираа едукативни предавања и работилници наменети за повозрасната популација.
Предавањата беа спроведени, во соработка со ЗД „Гоце Делчев“ Делчево, од страна на д-р Тони Георгиевски, специјалист интернист.
Предавањата беа по повод:
Недела на борба против рак
Светски ден на борба против туберкулоза
Недела на борба против срцево-садови заболувања
Присутните имаа можност да се информираат и едуцираат за:
превенција и рано препознавање на хронични заболувања
правилна исхрана и здрав начин на живот
значењето на редовните лекарски контроли
грижа за кардиоваскуларното здравје
Настанот предизвика голем интерес кај членовите на клубот, кои активно учествуваа со прашања и дискусија, придонесувајќи за една интерактивна и корисна средба.
Ваквите активности се од особена важност за унапредување на здравјето и квалитетот на живот кај повозрасната популација, како и за поттикнување на здрави навики и навремена грижа за сопственото здравје.
















































