март 27, 2026

26 МАРТ – ВИОЛЕТОВ ДЕН

26 март – Виолетов ден, ден посветен на подигнување на свеста и поддршката за лицата со епилепсија.

По повод одбележувањето на овој ден, во СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево се одржа панел дискусија и едукативно предавање, со цел учениците и вработените да се информираат повеќе за оваа состојба, да ја развиваат емпатијата, разбирањето и поддршката кон лицата со епилепсија.

Свое стручно излагање имаа:

Д-р Даниела Илиевска(невролог)

Д-р Љупка Стефановска Калаџиска(педијатар)

Д-р Билјана Ѓеоргиевска(психијатар)

Говорителите споделија значајни информации за причините, симптомите и третманот на епилепсијата, како и практични совети за правилно реагирање при напад, со посебен акцент на намалување на стигмата и градење поддржувачка средина.

На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој ја истакна важноста од континуирана поддршка и подигнување на свеста за епилепсијата. Тој посочи дека од оваа година, во Програмата за социјална заштита на Општина Делчево, е вклучено и официјално одбележување на 26 март – Денот на лицата со епилепсија.

🙏 Искрена благодарност до говорителите за нивната стручност и посветеност.

Да продолжиме да градиме средина во која има повеќе свест, повеќе прифаќање и повеќе поддршка за сите. 💜

< врати се назад