септември 26, 2025

ЦКА-ПХВ ЗАВРШЕН НАСТАН

На ден 25.09.2025(четврток) во просториите на ООЦК Делчево се одржа завршен настан по повод Недела на промоција на хумани вредности (21 – 27 септември).

На настанот беа доделени благодарници за сите учесници кои со својата ангажираност придонесоа за успешно реализирање на активностите и проектите, како и на нивните мини ментори. 🤝

Учесниците имаа можност да споделат искуства, мислења и убави спомени од поминатиот период, како и да погледнат видео материјали од сработеното. 🎥✨

Со вакви настани уште еднаш ја потврдуваме важноста на хуманоста, солидарноста и заедништвото – вредности кои секојдневно нè обединуваат и водат напред. ❤️

< врати се назад