
април 11, 2025
ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ДЕЛЧЕВО
Спроведена тактичко-показна вежба во ООУ “Климент Охридски” – Делчево

Денес беше организирана и спроведена симулациска тактичко-показна вежба за спасување, како одговор при елементарни непогоди и катастрофи (пожар, урнатини и евакуација).

Вежбата беше организирана и спроведена од страна на основното училиште, во соработка со ТППЕ Делчево, ОО Црвен крст Делчево и Итната медицинска помош при ЈЗУ,,Здравствен дом” Делчево.



