
април 2, 2025
ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО ДЕЛЧЕВО
Денес, во СОУ,,Методи Митевски Брицо” – Делчево беше организирана и спроведена симулациска тактичко-показна вежба за спасување, како одговор при елементарни непогоди и катастрофи (пожар, урнатини и евакуација).



Вежбата беше организирана и спроведена од страна на училиштето, во соработка со ТППЕ Делчево, ОО Црвен Крст Делчево и Итната медицинска помош при ЈЗУ,,Здравствен дом” Делчево, по претходно утврдено сценарио.


