
септември 4, 2025
СЕПТЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Успешно реализирана редовна крводарителска акција за месец Септември со вкупно 93 крвни единици, кои ќе значат нова надеж и спас за многу животи!

Денеска во просториите на ООЦК Делчево се одржа септемвриска крводарителска акција, на која хуманоста уште еднаш победи.

Голема благодарност до сите доброволни крводарители кои со својата хуманост и денес покажаа дека дарувањето крв е дарување живот.

Дарувај крв – спаси нечиј живот!













































