
септември 5, 2025
РЕДОВНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Во просториите на Дом на културата во Мак.Каменица денес се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец Септември.

На денешната крводарителска акција беа собрани 21 крвна единица, кои ќе значат нова надеж и спас за многу животи!
Голема благодарност до сите доброволни крводарители кои со својата хуманост и денес покажаа дека дарувањето крв е дарување живот.
Дарувај крв – спаси нечиј живот!












































