февруари 25, 2026

РЕАЛИЗИРАНА ВТОРА ЦКА-ПХВ РАБОТИЛНИЦА ЗА 2026 ГОДИНА!

Со ист ентузијазам и уште поголема енергија продолжуваме со проектот ЦКА–ПХВ 2026!

Вчера успешно беше реализирана втората работилница со учесниците во проектот за 2026 година. Обуката помина во динамична, инспиративна и позитивна атмосфера, исполнета со интерактивни активности, тимска работа и креативни идеи.

Учесниците покажаа уште поголема самодоверба и слобода во изразувањето, активно се вклучуваа во дискусиите, споделуваа размислувања и работеа посветено на поставените задачи. Секој чекор нè носи поблиску до реализација на нивните хумани иницијативи и идеи за подобра заедница.

Со нетрпение ги очекуваме следните активности, сигурни дека оваа генерација млади волонтери ќе создаде позитивни промени и ќе остави силен белег.

Продолжуваме мотивирано, обединето и со големо срце! ❤️

< врати се назад