февруари 12, 2025

ПРВА ОБУКА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА „ЦКА-ПХВ“

Започна новиот циклус на Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“. Во него се вклучени повеќе од 30 ученици од основните и средните училишта од општина Делчево и Македонска Каменица.

Денес во просториите на Општинската организација на Црвениот крст во Делчево се спроведе првата од предвидените три обуки преку кои младите волонтери ќе научат како да изработат мали проект за доброто на заедницата.

По завршувањето на обуките тие ќе бидат поделени во шест групи и до мај ќе изработат шест мали проекти.

Програмата „ЦКА – ПХВ“ во нашето Национално друштво се реализира над две децении. Обуката ја спроведе Јана Попова- локалниот дисеминатор од Општинска организација на Црвен крст Делчево.

< врати се назад