
јануари 2, 2025
ПРВА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА НОВАТА 2025 ГОДИНА
Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денес се реализираше првата(јануарска) редовна крводарителска акција предвидена за оваа година.

На денешната крводарителска акција беа собрани 73 крвни единици.
Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот!