јули 23, 2025

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕВЕНТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН ВО ДЕЛЧЕВО

Во изминатите два дена, 22 и 23.07.2025, волонтерите од ООЦК Делчево спроведоа теренска активност со цел подигање на свеста за заштита од топлотен бран и ризик од пожари.

На граѓаните во централното градско подрачје, особено на повозрасните лица, им беа делени шишенца со вода и едукативни флаери со совети за превенција и самозаштита.

Овие активности се дел од континуираните напори на Црвениот крст за грижа за здравјето и безбедноста на граѓаните во летниот период, когa ризиците од дехидратација и пожари се значително зголемени, кои што активности ќе продолжат и во следниот период.

< врати се назад