август 12, 2025

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН ВО ДЕЛЧЕВО

Денес, 12.08.2025, во услови на високи температури, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево излегоа на терен за да поделат шишиња со вода и флаери за справување со топлотен бран на нашите сограѓани, со цел заштита од топлото време и потсетување за важноста од редовна хидратација.

🗓🗣Активностите ќе продолжат во текот на целата седмица, со цел да допреме до што поголем број граѓани за време на топлотниот бран.

🙂Чувајте го вашето здравје држејќи се до мерките за справување со топлотен бран, а тие се:

✅ Избегнувајте физички активности во најтоплиот дел од денот

👕 Носете лесна и светла облека

🏠 Престојувајте во ладни и климатизирани простории

💧 Пијте многу течности – дури и кога не чувствувате жед

🍽 Избегнувајте масна и тешка храна

🧴 Заштитете се од директно сонце и туширајте се почесто со поладна вода.

🚗 Не оставајте луѓе или животни во затворени возила!

👳‍♂️Посебно внимавајте на хронично болни и постари лица

📞 Доколку почувствувате вртоглавица, слабост или грчеви – побарајте помош веднаш!

🆘 Во итен случај повикајте 194 или 112

< врати се назад