август 14, 2025

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

И денес(14.03.2025) продолжија активностите за делење на вода и едукативни флаери за справување со топлотен бран во Делчево од страна на волонтерите при Клубот на млади ООЦК Делчево.

🙂Чувајте го вашето здравје и држете се до мерките за справување со топлотен бран кои гласат:

✅ Избегнувајте физички активности во најтоплиот дел од денот

👕 Носете лесна и светла облека

🏠 Престојувајте во ладни и климатизирани простории

💧 Пијте многу течности – дури и кога не чувствувате жед

🍽 Избегнувајте масна и тешка храна

🧴 Заштитете се од директно сонце и туширајте се почесто со поладна вода.

🚗 Не оставајте луѓе или животни во затворени возила!

👳‍♂️Посебно внимавајте на хронично болни и постари лица

📞 Доколку почувствувате вртоглавица, слабост или грчеви – побарајте помош веднаш!

🆘 Во итен случај повикајте 194 или 112

< врати се назад