
ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН
На ден 08.07.2025 година (вторник) Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Делчево реализираше активност за превенција од топлотен бран.

Волонтери од Клубот на млади делеа шишенца со вода и флаери за справување со топлотен бран и пожар на граѓаните низ општина Делчево

Воедно, на граѓаните во Делчево им беа презентирани и мерките за справување со топлотен бран, а тие се:
Избегнувајте физички активности во најтоплиот дел од денот
Носете лесна и светла облека
Престојувајте во ладни и климатизирани простории
Пијте многу течности – дури и кога не чувствувате жед
Избегнувајте масна и тешка храна
Заштитете се од директно сонце и туширајте се по потреба
Не оставајте луѓе или животни во затворени возила!
Посебно внимавајте на хронично болни и постари лица
Доколку почувствувате вртоглавица, слабост или грчеви – побарајте помош веднаш!
Во итен случај повикајте 194 или 112














































