јули 29, 2025

ПОСЕТА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ“ И ДРУЖБА СО НАЈМАЛИТЕ

Денес, 29.07.2025, волонтери од Клубот на млади при ООЦК Делчево ја посетија градинката „Весели Цветови“, каде што се дружеа со најмалите и заедно научија нешто многу важно – што значи да се биде хуман и да се помага од срце!

Преку слики, приказни и разговор, децата дознаа што е Црвен крст, кој е неговиот основач и што сè прават волонтерите кај нас и во светот.

Зборувавме и за волонтерството – и начинот на кој се станува волонтер, дечињата со насмевка ветија дека и тие ќе станат волонтери кога ќе пораснат!

Не ја заборавивме ни првата помош – низ интересни и едноставни вежби покажавме колку е важно да знаеш да помогнеш!

Благодарност до тимот на „Весели цветови“ за топлото добредојде, а на дечињата – за искрената радост и огромната љубопитност!

Ние си заминавме со полни срца – уверени дека иднината е во добри, мали раце.

#ЦрвенКрстДелчево#ВеселиЦветови#ПрваПомош#ВолонтериСоСрце#ХуманостОдМалиНозе

< врати се назад