септември 26, 2025

ПОДАДЕНА РАКА

Целта на овој проект беше да се помогне за три социјално загрозени семејства, коишто заради одредени психо-физички проблеми на одредени членови не можат да работат и затоа не можат да ги задоволат најосновните потреби на храна и хигиена. За таа цел младинците организираа собирна акција, а потоа и турнир во фудбал. Од обезбедените парични средства набавија 3 пакети со храна и средства за хигиена и ги подарија на семејствата.

Младинците со овој гест можеби не успеаа трајно да го решат нивниот проблем, но затоа пак им ја вратија вербата дека на овој свет не се сами и уште постојат добри луѓе кои несебично помагаат.

< врати се назад