
ОДРЖАНА ПРВАТА ЦКА-ПХВ РАБОТИЛНИЦА ЗА 2026 ГОДИНА
ООЦК Делчево со започнување на нова волонтерска приказна, официјално го започна ЦКА–ПХВ циклусот за 2026 година!

Во рамки на првата работилница, која се одржа на 20.02.2026 година, ученици од основните училишта од Делчево и Македонска Каменица имаа можност да се запознаат со програмата, целите и вредностите на ЦКА–ПХВ проектот, како и со значењето на волонтерството и хуманоста, историјатот, основањето и работата на Црвен крст.

Работилницата помина во прекрасна и позитивна атмосфера, исполнета со енергија, смеа и ентузијазам. Учесниците покажаа високо ниво на активност, посветеност и креативност, активно се вклучуваа во дискусиите и задачите и уште од самиот почеток докажаа дека оваа генерација носи голем потенцијал.

Со многу возбуда и инспирација го започнуваме ова патување, подготвени за нови идеи, дружења и хумани дела кои ќе остават позитивна трага во заедницата.
Проектот штотуку започна – а најубавото допрва следува!





















































