
ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА ВО ООЦК ДЕЛЧЕВО
Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 08 до 15 април 2025 година ја одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото “ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”


Промоцијата на хигиената е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7 милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена

Со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од правилна и редовна хигиена кај младата популација, општинската организација на Црвен крст Делчево спроведе две едукативни работилници за промоција на хигиена кај децата на 5 и 6 годишна возраст во градинките во Делчево и Македонска Каменица.
