септември 25, 2025

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ

13 Септември – Светски ден на првата помош

По повод одбележувањето на овој значаен ден, Општинската организација на Црвен крст Делчево реализираше две освежителни обуки по прва помош:

На 16.09 – за волонтерите од Клубот на млади, во природа, каде што преку практични вежби и симулации во кои беа вклучени граѓаните на општина Делчево се зајакнаа нивните вештини за дејствување во итни ситуации.

На 22.09 – за негувателите на стари и изнемоштени лица, со цел да бидат подготвени да пружат навремена и квалитетна прва помош тогаш кога е најпотребна.

Првата помош е вештина која може да спаси живот. Таа не е само знаење, туку и одговорност – да им помогнеме на најблиските и на оние околу нас кога секунда е најважна.

Со вакви обуки, заедно градиме побезбедна и похумана заедница.

#ПрваПомош#ЦрвенКрст#Делчево#Хуманост#ЦКмлади

< врати се назад