
ОБУКА ЗА ОПШТИ ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ

Во периодот од 26 до 28 септември, во Делчево се одржа обука за општи врснички едукатори, под водство на обучувачот Маја Спасова.




Во тридневната обука учесниците преку многу игри, смеа и интерактивни активности стекнаа нови знаења и вештини поврзани со општи врснички едукации и работата и дејствувањето на Црвениот крст.



Од вкупно 8 обучени лица, 6 успешно ја завршија обуката и ќе добијат сертификати за општи врснички едукатори.

ООЦК Делчево со гордост може да каже дека сега има 6 нови обучени врснички едукатори, меѓу кои волонтери од Делчево и Македонска Каменица!

Оваа обука претставува уште еден чекор напред во создавањето на млади лидери кои ќе го пренесуваат духот на хуманоста, солидарноста и другарството понатаму.












































