декември 3, 2024

НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА

👉По повод одбележување на Неделата на грижа за старите лица под мотото „Сите сме нивни деца“, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Делчево на 22 ноември 2024 година спроведе акцијата за мерење на ниво на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок во просториите на Здружението на пензионери во Делчево.

Во периодот од 10:00 до 12:00 часот од страна на медицински лица беа извршени мерења кај 36 пензионери. На лицата кај кои се утврдија повисоки вредности им се даваа совети и се упатувaа на понатамошни прегледи преку својот матичен лекар.

👉Воедно во склоп на одбележување на Недела на грижа на стари лица се спроведе и посета на корисниците на услугата на помош и нега во домот и исто така и на нив им беше вршено мерење на ниво на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок.

< врати се назад