
МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ТОПЛОТНИОТ БРАН
Црвениот крст на РСМ се придружува во превентивните активности за заштита на здравјето на населението од топлотниот бран и почитување на мерките за заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури.

За таа цел, денес(04.07.2025) волонтери од Македонска Каменица при Клубот на млади ООЦК Делчево, делеа вода и флаери за заштита од топлотен бран и превенција од пожари на гратскиот пазар во Македонска Каменица.

Држете се до општите препораки за превенција од топлотен бран, а истите се :
Избегнувајте физички активности во најтоплиот дел од денот
Носете лесна и светла облека
Престојувајте во ладни и климатизирани простории
Пијте многу течности – дури и кога не чувствувате жед
Избегнувајте масна и тешка храна
Заштитете се од директно сонце и туширајте се по потреба
Не оставајте луѓе или животни во затворени возила!
Посебно внимавајте на хронично болни и постари лица
Доколку почувствувате вртоглавица, слабост или грчеви – побарајте помош веднаш!
Во итен случај повикајте 194 или 112














































