јуни 27, 2025

МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ТОПЛОТНИОТ БРАН

Црвениот крст на РСМ се придружува во превентивните активности за заштита на здравјето на населението од топлотниот бран и почитување на мерките за заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури.

За таа цел, во изминатите два дена волонтери од Клубот на млади при ООЦК Делчево делеа вода и флаери за заштита од топлотен бран

🗓На 26.06.2025(четврток)беа поделени шишенца со вода на случајните минувачи во Делчево

🗓Нa 27.06.2025(петок) беа поделени шишенца со вода и флаери за превенција од топлотен бран и пожари на граничниот премин кај Делчево, во соработка со РЦ за ГР Исток.

‼️Општи препораки за заштита на населението од топлотни бранови:

✅ Избегнувајте физички активности во најтоплиот дел од денот

👕 Носете лесна и светла облека

🏠 Престојувајте во ладни и климатизирани простории

💧 Пијте многу течности – дури и кога не чувствувате жед

🍽 Избегнувајте масна и тешка храна

🧴 Заштитете се од директно сонце и туширајте се по потреба

🚗 Не оставајте луѓе или животни во затворени возила!

👳‍♂️Посебно внимавајте на хронично болни и постари лица

📞 Доколку почувствувате вртоглавица, слабост или грчеви – побарајте помош веднаш!

🆘 Во итен случај повикајте 194 или 112

< врати се назад