
МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Вчера (24.07.2025) и денес (25.07.2025), волонтерите од Македонска Каменица при клубот на млади ООЦК Делчево спроведоа теренска активност со цел подигање на свеста за заштита од топлотен бран и ризик од пожари на територија на Македонска Каменица.

На граѓаните во централното градско подрачје и на гратскиот пазар, особено повозрасните лица, им беа делени шишенца со вода и едукативни флаери со совети за превенција и самозаштита.

Овие активности се дел од континуираните напори на Црвениот крст за грижа за здравјето и безбедноста на граѓаните во летниот период, кога ризиците од дехидратација и пожари се значително зголемени.

Овие активности ќе продолжат во текот на целиот летен период, се додека трае топлотниот бран.













































