
МЕРЕЊЕ НА КРВЕН ПРИТИСОК И ШЕЌЕР ВО КРВТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ДЕЛЧЕВО
Црвениот крст на РСМ се придружува во превентивните активности за заштита на здравјето на населението од топлотниот бран и почитување на мерките за заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури.

За таа цел, а и согласно Оперативниот план на ООЦК Делчево за 2025 година, денес, 30 јуни (понеделник), беше спроведено мерење на крвен притисок и шеќер во крвта за пензионерите од Здружение на пензионери во Делчево, воедно на пензионерите им беа споделени и општите препораки за заштита од топлотните бранови, а тие се:

Избегнувајте физички активности во најтоплиот дел од денот
Носете лесна и светла облека
Престојувајте во ладни и климатизирани простории
Пијте многу течности – дури и кога не чувствувате жед
Избегнувајте масна и тешка храна
Заштитете се од директно сонце и туширајте се по потреба
Не оставајте луѓе или животни во затворени возила!
Посебно внимавајте на хронично болни и постари лица
Доколку почувствувате вртоглавица, слабост или грчеви – побарајте помош веднаш!
Во итен случај повикајте 194 или 112













































