
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ
Успешно реализирана крводарителска акција за месец Јули со вкупно 70 крвни единици

Денес во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за овој месец.

Меѓу дарителите денес беа и епископот г. Марко и свештениците при Делчевско – Каменичката епархија кои што го посетија Делчево, како дел од прославувувањето на патронот на наштата нова црква “Св. Наум Охридски”.





Дел од нив по прв пат го остварија правото за дарување на крв, додека пак дел повеќе пати имаат дарувано крв.

Благодарност до сите хумани граѓани кои денес на овие високи температури беа дел од крводарителската акција и придонесоа за спасување на нечиј живот!














































