
февруари 12, 2025
ИЗВЕСТУВАЊЕ: РАЗВИЕНА НОВА УСЛУГА – ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА
Почитувани,
Ве известуваме дека Општинската организација на Црвениот крст во Делчево започна со испорачување на услугата лична асистенција за лица со тешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица од 6 до 65 годишна возраст.
Сите заинтересирани лица за подетални информации може да се обратат на тел.бр. 033/412-010, во просториите на ООЦК Делчево или ЈУ МЦСР Делчево.