ИСКРА НА НАДЕЖ
Целта на младинците со овој проект беше подобрување на условите за живот на седумчлено семејство од с. Дулица, Општина Македонска Каменица кое има 4 малолетни деца, 1 со попречености во развојот, 1 дете со аутизам, таткото и мајката поради одредени причини не можат да работат и да се грижат нормално за децата, а имаат и баба која е болна од алцхајмер. Со организирање на проекција на филм, фолклорен концерт, Велигденски базар и продавање на домашни слатки на градскиот пазар, младинците обезбедија доволно финансиски средства за помош на семејството. Набавени и монтирани се сончев колектор, метална ограда на терасата за безбедност на дечињата, плакар, а алишта, голема семејна кујна, а со помош на донации обезбедени се два троседи за во дневната соба. Младинците направија огромно дело и промена на животниот тек на ова семејство. Дополнително, групата организираше средба во детската градинка во Делчево каде што играа игри, пееја песнички, цртаа, боеја и се дружеа со дечињата, од оваа активност не се собираа парични средства, целта беше да не ги заборавиме и најмалите, и да им покажеме дека ни значат.











































