септември 25, 2025

ХУМАНОСТА ВО ДЕЛО – ПОСВЕТЛА ИДНИНА ЗА ДЕЦАТА

На крајот од август, волонтерите при ООЦК Делчево –спроведоа собирна акција за училишен прибор на територија на Делчево и Македонска Каменица.

Благодарение на хуманите луѓе и поддршката од нашите сограѓани, успеавме да обезбедиме и поделиме:

Повеќе од 30 ранчиња

Над 250 тетратки

Повеќе од 100 моливи

Многу блокчиња, боички, темперни и водени бои, фломастери, кутивчиња за прибор и се што им е потребно за успешен почеток на новата учебна година

Со оваа помош, 20 дечиња од Македонска Каменица и 25 дечиња од Делчево(од основните и средните училишта), од социјално загрозени семејства, ја започнаа новата учебна година со полесно срце и поголема насмевка.

Огромна благодарност упатуваме до донаторите од Делчево кои сакаа да останат анонимни, како и до сите граѓани кои со донација или на кој било начин дадоа свој придонес. Вашата хуманост ја претвори оваа акција во голем успех!

Заедно покажавме дека со мал придонес може да се направи огромна разлика.

< врати се назад