
февруари 5, 2026
ФЕВРУАРСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА 2026
Денеска, во организација на ООЦК Делчево, успешно се реализираше крводарителска акција предвидена за месец февруари, на која беа собрани вкупно 87 крвни единици.

Оваа бројка не е само статистика, туку доказ за големото срце, хуманоста и солидарноста на нашите сограѓани.

Секоја донирана капка крв значи нова надеж, спасен живот и потврда дека хуманоста живее меѓу нас.

Упатуваме голема благодарност до сите крводарители, до медицинскиот тим и до сите кои дадоа свој придонес оваа акција да биде многу успешна.

Заедно продолжуваме да шириме човечност

Дарувај крв – спаси нечиј живот!











































