февруари 6, 2025

ФЕВРУАРСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денес се реализираше втора редовна крводарителска акција предвидена за оваа година.

🩸На денешната крводарителска акција беа собрани 105 крвни единици.

💭Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот!

< врати се назад