ноември 23, 2024

ДИСЕМИНАЦИЈА ЗА ЦРВЕН КРСТ И РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ГРИП И НАСТИНКИ ЗА НАЈМАЛИТЕ

Дисеминација за Црвен крст и работилница за превенција од грип и настинки наменета за дечињата од ОЈУГД ,,Весели Цветови” Делчево

Со цел запознавање со визијата и мисијата на Црвениот крст беа одржани дисеминациски сесии за дечињата од ОЈУГД ,,Весели Цветови” Делчево на возраст од 4 до 5 години.

А воедно заради намалување од ризикот од ширење на вируси и бактерии што се едни од најголемите причинители на болести во градинките, Општинска организација на Црвен крст Делчево денес во соработка со ЗД ,,Гоце Делчев” Делчево и Др. Љупка Калаџиска спроведе едукативна работилница за дечињата од претшколска возраст во ОЈУГД ,,Весели Цветови” Делчево.

Работилницата имаше за цел поттикнување на здрави навики за правилно миење на рацете, употреба на марамче како најлесен начин за превенција од грип и настинка.

Најмалите членови на општеството научија дека чистите рачиња се важни за здравјето и се обврзаа дека ќе бидат одговорни за собственото здравје.

< врати се назад